Содржина
Леире (Марибел Верду) е богата, разведена и по малку стуштена домаќинка, која мора да се соочи со ситуација за која не можете да се подготвите: нејзиниот син, тинејџер со проблеми во однесувањето, го убива татка си во излив на бес.
Леире, подготвена на сè за да го заштити, сосема случајно поттикнува хаотичен бран злосторства во Билбао. За тоа време, новата сопруга на покојникот (Паула Ечеварија) и нејзината неумолива адвокатка (Хуана Акоста) се обидуваат да го прикријат сочниот случај на корупција во којшто се вплеткани. Но никој од нив не ја предвидел неуморната истрага на двајцата детективи од Баскиската автономна полиција на кои им е доделен случајот (Антонио Ресинес и Раул Пења).