Содржина
Комедија за мал град во Њу Џерзи за време на ноќта на легендарната објава на радио „Војна на световите“ од Орсон Велс во 1938 г., која увери милиони слушатели дека САД е нападнат од Марсовци.
Во мал град во Њу Џерзи, за време на ноќта на легендарната објава на радио „Војна на световите“ од Орсон Велс во 1938 г., шегата која увери милиони слушатели дека САД е нападнат од Марсовци, граѓаните се соочуваат со мислата дека тоа е нивната последна ноќ на Земјата. Презафатениот градоначалник Кларк (Тони Хејл) ќе се обиде со љубовта. Запустената домаќинка Лорејн (Хедер Бернс) ќе се ослободи од својот голем маж (Сем Џегер). Покорната учителка Пег (Ана Камп) ќе стане воин. Бесцелниот поп (Ден Бакендал) повторно ќе ја пронајде вербата. Исплашениот шериф (Мел Родригез) ќе ја пронајде храброста. А самотниот воен ветеран (Рејмонд Џ. Бери) ќе стане херој, убедувајќи го градот да се бори против вонземјаните. Сите овие карактери ги здружуваат силите за последната „битка“, што доведува до изненадувачки и смешен резултат.