Содржина
Бебињата не се чудовишта, освен ако не сте играчка. Откако бега од едно разлигавено бебе, Тини сфаќа дека сепак сака да си играат со него. Но, додека да го сфати тоа, вниманието на бебето се префрла на други работи што му се интересни само на бебе. Тука се открива тајната. Љубопитните ползечки бебиња се тие што прават играчките да се губат под мебелот и зад плакарите. Но, играчката Тини не е како другите исплашени играчки под каучот. Тој знае дека неговата работа е да ги засмева, а не да ги расплакува децата.