Содржина
Мек Камерон (Тимоти Ботомс) е средовечен актер. Се чини дека она најдоброто во животот и во кариерата веќе го има зад себе. По многу години животна слава како филмска и телевизиска ѕвезда тој може да се пофали со богатство, добра репутација и да биде задоволен од она што го проживеал во Холивуд. Сепак, неговата кариера му донесла не само позитивни нешта, пред сè поради тоа што неговото постојано отсуство од дома поврзано со службените патувања го оддалечило од неговата сакана сопруга Лиз (Мередит Бакстер) и двата сина, кои што страдале токму поради ова. Сега, кога се чини дека Мек е надвор од светот на филмот, прави сè што e во негова моќ да ги подобри односите со семејството. Но, ненадејно добива понуда да одигра улога во една помала продукција што ќе се снима во неговото гратче. Верувајќи дека тоа ќе му помогне да го спаси семејството, го прифаќа предлогот. Неговата визија за светот се менува во моментот кога Мек за време на снимањето го запознава дванаесетгодишното момче Џеј (Бен Естус) и кое што го инспирира да се бори за она што навистина е важно во животот.