Содржина
Пред дваесет години, Гери Кинг и неговите пријатели го започнале најголемиот алкохоличарски маратон. Но, пивото успеало да ги совлада, па не успеале да ја допијат последната кригла во познатиот паб со име „Крајот на светот. Сега кога бунтовниот Гери наближува кон средовечноста, тој ги повикува своите пријатели назад во родниот град за нова тура пиење. Со секоја испиена кригла, Гери и дружината се еден чекор поблиску кон помирување со минатото. Сепак, кога почнува да изгледа дека целта им е на дофат, пријателите сфаќаат дека тука се одвива многу поголема борба и дека иднината е особено мрачна, не само за нив туку и за целото човештво.