Содржина
Филмот е инспириран од вистинита приказна од крајот на 70. години, а тема се законските и општествените проблеми кои се еднакво актуелни денес како и пред 40 или 50 години. Силна приказна за љубовта, прифаќањето и семејството. Тинејџерот со Даунов синдром го напушта мајка му, но го прифаќа еден хомосексуален пар и тие стануваат прекрасно семејство какво што тој немал дотогаш. Но властите го забележуваат нивниот неконвенционален начин на живот, па тие се присилени да се борат против предрасудите за да го спасат животот на детето што го засакале како сопствено.