Содржина
Ромен е 39-годишен самец кој работи како фотограф за медицинска интернет енциклопедија. Работата воопшто не му помага во борбата против хипохондријата од која страда и поради која постојано сурфа на Интернет. Ромен пребарува на Интернет за секоја ситница што ќе ја забележи на себе, при што таа се претвора во смртоносна болест. Негов единствен пријател е неговиот лекар д-р Димитри Звенка, кој мисли дека го знае лекот за Ромен - љубов...