Содржина
Документарец кој следи едно семејство мечки од Алјаска додека младите мечиња ги учат најбитните животни лекции. Нивното патување почнува кога завршува зимата, а мечките се соочуваат со студот и со возбудливиот но ризичен надворешен свет.
„Дизни Нејчр“ го прикажува документарецот „Мечки“, епска приказна која ќе ви го одземе здивот. Прикажувајќи една година од животот на едно семејство мечки, каде мајката Скај ги учи своите две немирни мечиња Амбер и Скаут на најбитните лекции во животот. Дејството се одвива во неверојатната природа на Алјаска и таму почнува нивното патување кога завршува зимата. Излегувајќи од зимскиот сон, трите мечки се соочуваат со студот и со возбудливиот но многу ризичен надворешен свет. Неверојатните снимки ги прикажуваат динамичната акција и напнатоста кога ова симпатично семејство учи да го живее животот со полни гради во една од последните големи дивини на планетата.