Содржина
Може ли да се скрши нишката на лоша среќа, насилство и страдања длабоко испреплетени низ генерациите на едно семејство? Мајката на Беба е со слаб карактер и со лошо здравје. Таткото на Беба е мрачен и насилен. Братот на Беба е посесивен и проблематичен. Момчето на Беба е од поправен дом. Има ли шанса ќерката на Беба да ја прекине оваа мрачна низа, да стане сакана, весела личност?