Содржина
Женскиот навивачки тим Торос има дух, енергија и дрскост коишто сигурно ќе им го донесат националното првенство шеста година по ред. Но за новоизбраната капитенка Торенс (Кирстен Данст) патот до славата на екипата Торос ќе биде трнлив зашто ќе открие дека нивната совршено осмислена кореографија ја украла друга навивачка хип-хоп екипа од градот. Наскоро екипата ќе мора добро да се потруди за да пронајде нова кореографија што ќе им овозможи да се учествуваат на првенството.