Содржина
Реј Бреслин (Силвестер Сталоне) е водечки експерт за безбедност на затвори, кој ги тестира на тој начин што се обидува да избега од нив, во што најчесто и успева. Откако ги анализирал однатре сите најстроги затвори и усовршил низа техники за преживување меѓу затворениците, неговите вештини се наоѓаат пред најголемиот испит. Прифаќа да ја испита безбедноста на најтаинствениот и најмодерниот затвор во светот, но од самиот почеток станува јасно дека бил испратен таму со цел повеќе да не излезе надвор. Затоа Бреслин мора да побара помош од контроверзниот затвореник Емил Ротмајер (Арнолд Шварценегер) и со него да разработи смел и речиси невозможен план за бегство...
Прегледи
