Содржина
Матијас Блоел е експерт за логистика од Германија. По неговиот развод, тој живее живот без радост. Работите се менуваат кога неговиот шеф го испраќа во Сибир каде учи дека има и поинаков начин на живеење од оној што го има.
Матијас Блоел, срамежливиот логистичар на една германска компанија за разнесување пратки е испратен во Кемерово во Сибир од страна на неговиот шеф кој е сентиментален по Русија, а цел му е да воспостави германски систем за текот на работата во руската подружница. Тој се согласува едноставно поради тоа што е премногу слаб за да одбие. Сепак, треба да оди во Сибир! Опремен со палто и со спреј-солзавец, Блоел очекува да се соочи со опасност, снег и мраз. Но, во мистичниот летен пејзаж, тој наскоро се вљубува во традиционалната пејачка Сајана и не може повеќе да се препознае себеси. Педантниот логистичар станува авантурист кој верува во духови! Иако отпрвин е несигурен, тој почнува да добива самодоверба додека навлегува во новиот свет и ризикува сè за да ја освои љубовта на Сајана и да се збогува со поранешниот Матијас Блоел.