poster

Мојот еден и единствен

My One and Only (2009)

Режисер: Richard Loncraine
CineStar TV2 | денес | 16:45

рејтинг: 6.5/10
Оценка на корисникот: 7.7/10
(19 гласови)

Содржина

Гумите на синиот Кадилак чкрипат низ њујоршките улици, а никој во колата не се врти назад. Убавата, но непредвидлива Ен Деверо тукушто го има оставено својот сопруг.
Ден и тргнува на пат со своите двајца сина, Џорџ и Роби кои се тинејџери. Гумите на синиот Кадилак чкрипат низ њујоршките улици, а никој во колата не се врти назад. Убавата, но непредвидлива Ен Деверо (Рене Зелвегер) тукушто го има оставено својот промискуитетен сопруг, Ден Деверо (Кевин Бејкон), водач на бенд, и тргнува на пат со своите двајца сина кои се тинејџери, Џорџ (Логан Лерман) и Роби (Марк Рендал), во потрага по нов, богат партнер. Иако годината е 1953, Ен е сигурна дека нејзиниот шарм ќе ѝ послужи исто толку добро како и пред две децении. Но, поминато е времето на додворувачките денови на Ен и се чини дека губитниците и швалерите се побројни од подобните ергени. Ен никогаш не се откажува од надеж, но серијата нови училишта за синовите, скромните живеалишта и романтичните неуспеси почнуваат да го расипуваат нивниот пат. Сепак, Ен е неуморна, а нејзината гордост е еднаква на ентузијазмот на нејзиниот постар син, Роби, горделиво момче кое верува дека неговиот живот треба да се одвива на сцената, како и циничниот ум на Џорџ кој е потенцијален писател. Додека минуваат километрите, нивното патување се менува од ексцентрично, до нервозно, до иритирачко, до комично. Од нејзините импулсивни избори, до бизарните ликови кои ги сретнуваат на патот, Ен ги води своите синови по еден тесен пат помеѓу возбудата и паниката. Но, на крајот, Џорџ ја открива определеноста, гордоста и љубовта под надворешноста на неговата нарцисоидна мајка. А Ен создава иднина за себеси и за своите синови, поразлична од она што кој било од нив можел да си го замисли.

Слики

Мојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единственМојот еден и единствен

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Писма за Јулија (2010)

    image
    Едноставната идеја за романтичната љубов може да ги натера луѓето да ја испитаат нејзината одржливост, разумност, како и храброста која е потребна за да не се...
  • Доктор Реј и ѓаволи (2012)

    image
    У главним улогама: Пол Леонард Мари, Драган Бјелогрлиќ, Бојан Димитријевиќ, Лена Богдановиќ, Светозар Цветковиќ, Ана Софреновиќ, Тихомир Станиќ, Јана Милиќ Илиќ,...
  • Теоријата на сѐ (2014)

    image
    Во оваа неверојатна приказна во која играат Еди Редмејн и Фелисити Џонс, се работи за еден од најголемите живи умови на денешницата, познатиот астрофизичар Стивен...
  • 30 желби (2018)

    image
    Филм кој со својата приказна ќе нѐ потсети дека е важно како го живееме животот, а не колку долго живееме. Тинејџерката Скај, на која ѝ е дијагностицирана...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.