Содржина
Франсоа Пињон е просечен и досаден сметководител кој работи во фабрика за гума. Сопругата го оставила, некој не го почитува, а дознава и дека најверојатно ќе добие отказ. Почнува да размислува за самоубиство, но надежта во животот му ја враќа соседот кој добива брилијантна идеја како тој да си го задржи работното место. Франсоа треба да рашири приказна дека е хомосексуалец кој дотогаш ги криел своите склоности, па управата на фабриката нема да може да го отпушти, плашејќи се од тужба за сексуална дискриминација. И навистина, директорот ја повлекува одлуката за отказ, но Франсоа почнува да го добива и почитувањето од околината кое го немал дотогаш .