Содржина
Дени (Адам Сендлер) е успешен пластичен хирург кој се преправа дека е несреќно оженет за да ја добие жената која ја сака. Кога конечно запознава една девојка (Бруклин Декер) за која верува дека е жената од своите сништа, не го користи својот метод, но таа наскоро го открива прстенот што тој го употребува. Исплашен да ѝ ја каже вистината, тој ѝ вели дека се разведува, а таа бара да ја запознае неговата идна „бивша“ сопруга. Тој ја замолува својата секретарка, Кетрин (Џенифер Анистон) да ја глуми неговата сопруга за да ја докаже својата приказна, но едната лага се претвора во друга и тоа ги вмешува и децата на Кетрин во целата шема, што доведува до патување во Хаваи што ќе им ги промени животите на сите.