Содржина
Кога Сара добива шанса да ја купи куќата од своите соништа, таа не може да ѝ поверува на среќата. Куќата е голема, светла и многу евтина. Има само еден “мал“ проблем: Лола, 80-годишната сопственичка, ќе живее таму до смртта.
Кога Сара добива шанса да ја купи куќата од своите соништа, таа не може да ѝ поверува на среќата. Куќата е светла и пространа, со прекрасни погледи и многу евтина. Има само еден “мал“ проблем: Лола, 80-годишната сопственичка, ќе остане да живее таму до смртта. Во теорија, Сара не би требало да чека долго за да ја има куќата само за себе. Лола веќе има два бајпаса на срцето, пуши страсно и пие како риба. Па така, Сара одлучува да го прифати ризикот и да почека. Но, како што се случува со многу работи во животот, работите не одат во правец како што очекувала таа. Поминуваат месеци и Лола изгледа поживо од кога било! И за да бидат работите полоши, личниот живот на Сара почнува да оди надолу после еден неочекуван настан.