Содржина
Тула Портокалос е 30-годишна Гркинка која работи во семејниот ресторан во Чикаго. Татко ѝ Гас има една единствена желба - таа да се омажи за пристоен Грк. Но Тула сака повеќе од животот. Мајка ѝ успева да го убеди Гас дека Тула треба да се запиште на курс за компјутери. Откако ќе го заврши курсот, Тула ја презема туристичката агенција на нејзината тетка. Го запознава Ијан Милер, протестант и професор по англиски јазик во средно училиште. Тие почнуваат тајно да се среќаваат, но врската наскоро се разоткрива. Татко ѝ не е среќен што таа се гледа со некој што не е Грк. Но ќе мора да научи да го прифати Ијан, Ијан ќе мора да научи да го прифати бројното семејство на Тула, а Тула ќе мора да научи да се прифати себеси.