сезона: 2
Содржина
Возбудливата драма „Британија“ започнува во 43 година од нашата ера и ја следи римската војска која се враќа за да го уништи келтското срце на Британија, таинствена земја предводена од жени-воини и моќни друди кои тврдат дека ги управуваат силите на подземјето. Во втората сезона на серијата, две години по инвазијата на Британија, генералот Аул ги романизира келтските племиња со помошта од келтската кралица Амена, уништувајќи ги тие што се спротивставуваат. Однесувањето на Аул поттикнува сомнежи дека тој има друга агенда, која ги враќа духовите од минатото на Амена и ја прави неговата закана кон друидите уште поопасна. Единствена надеж за друидите и Келтите е Кајт, младата девојка што ја обучува одметнатиот друид Див, за да се исполни едно пророштво што ќе ја спаси Британија од Римјаните. Но кога се буди мртовецот, двајцата браќа друиди, Веран и Харка, почнуваат епска битка која носи раздор помеѓу друидите и го загрозува пророштвото.