сезона: 1
Содржина
Макс, кој е роден во САД, се наоѓа во срцето на британската политика и моќ. Тој е сопственик на медиумска империја што вклучува весници и телевизиски станици. Неговата поранешна сопруга аристократката Кетрин ги минува деновите во едно засолниште за бездомници. Нивниот син Кејден, е во срцето на работата на Макс, уредувајќи го весникот "Нешнл репортер". Кога Кејден доживува слом, расцепканото семејство почнува повторно да се спојува.
Еп.2
Додека нивниот син се бори за својот живот во болница, се откриваат приказните за врската на Макс и Кетрин како и нивните битки за контрола на неговата иднината. Под превезот на почитта, во империјата на Макс лежат грозоморни тајни кои чекаат да бидат откриени и кои можат да ја загрозат неговата егзистенција. Кога Кејден се буди од кома, Кетрин открива дека нејзиниот син се променил и дека доживеал сериозни повреди на мозокот. Синот повторно станува бебе. Во каков маж ќе израсне?