сезона: 2
Содржина
„Соба 104 е создадена од Џеј и Марк Дипла („Животни, „Заедништво) и претставува получасовна антологиска серија на ХБО која ни прикажува една соба во еден просечен американски мотел со приказните на ликовите што минуваат низ неа. Следејќи ја идејата дека „баналното може да биде многу интересно место ако го погледнете добро, секоја од 12-те епизоди во сезоната раскажува друга приказна со оглед на тоа што собата останува иста а сѐ друго, тонот, темата, ликовите, па дури и временскиот период, се менува. Секоја епизода од „Соба 104 е полна со пресврти и со изненадувања и се одвива како мал филм, нудејќи ни ново откритие секоја седмица, раскажувајќи приказни за секојдневните луѓе кои се обидуваат да се поврзат и да најдат смисла во една единствена соба.