сезона: 2
епизода: 2 - Britanija u malom u Americi
Содржина
Одете на надреална турнеја низ британските острови во оваа хумористична серија, адаптирана од наградуваната радиосерија која го прикажува животот во новиот милениум, следејќи ги животите на неколкумина необични луѓе. Запознајте ги Емили, неубедлив трансвестит, кој има хотелче покрај морето; Џејсон, кој е вљубен во бабата на својот најдобар пријател; како и Дафи, единствениот хомосексуалец во своето село (а така и сака да остане). Тоа се само неколкумина од чудните ликови во оваа серија за британскиот живот. Тука се поставува прашањето кои се Британците, што прават и зошто го прават тоа. Според сценарио на Мет Лукас, Дејвид Валијамс, кои и играат во серијата, а Ентони Хед е во гостинска улога.