сезона: 2
епизода: 4 - THE SHRIMP INCIDENT
Содржина
Лери се сомнева дека директорот на „Еич-Би-О“, Алан Васерман, му ги има украдено ракчињата од еден кинески ресторан по една збрка со нарачките. Подоцна, кога тој и Џулија Луис-Драјфус го претставуваат своето ново шоу на „Ејч-Би-О“, Лери не може да ја батали темата за ракчињата. Ситуацијата не се подобрува ни кога Лери добива етикета дека е женомразач откако изговара еден погрден збор за време на партија покер. Дополнително, Васерман од определени „очевидци“ дознава дека Лери ја тепа својата жена.