сезона: 2
епизода: 10 - TWO DAYS OF THE CONDOR
Содржина
Од неконвенционалниот ум на Мајк Џаџ („Кралот на ридот, „Бивис и Батхед) пристигнува нова сезона на комедијата номинирана за наградата „Еми, која ги носи гледачите во лукративниот свет на „Силициумска Долина, како и во светот на општествено-неприлагодените чудаци кои таму владеат.
Откако го освоија технолошкиот свет со нивното деби во „Тек-Кранч минатата сезона, Ричард и неговиот тим од „Пајд Пајпер - Ерлих, Џаред, Глифојл и Динеш - се радуваат поради светлата и профитабилна иднина, која веднаш наидува на правни проблеми и планови за ситна одмазда од газдата на „Холи, Гавин Белсон и неговата конкурентна платформа „Нуклеус. Во „Равига, големите промени во империјата создадена од Питер Грегори прават притисок врз Моника, која е растргната помеѓу својата верност кон Ричард и нејзината работа под новата шефица Лори. Во меѓувреме, присуството на одамна заминатиот пријател на Ричард, Биг Хед, претставува опасност, додека Гавин одлучува тоа да го искористи целосно.
Исполнета со уште повеќе појавувања на познати личности од индустријата, оваа сезона на „Силициумска Долина ќе го прикаже светот на технологијата со уште поголема жестина и низ урнебесен пристап, додека јунаците продолжуваат да се пробиваат кон незамислив успех.