сезона: 2
Содржина
„Канцеларија“ е снимен во документарен стил и го прикажува работниот ден на менаџерот Дејвид Брент (Рики Џервејс) и неговиот персонал. Брент е менаџер од пеколот. Тој е непристоен, без талент, егоист, има предрасуди, кукавица е, а сепак мисли дека сите го сакаат. Меѓу неговите напатени вработени се црвенокосиот Герет, Тим кој е несреќен во љубовта, како и симпатијата на Тим, рецепционерката Дон. Оваа урнебесна комедија освои „Златен глобус“ за најдобра хумористична серија. Таа е создадена од Рики Џервејс и од Стив Мерчант.