сезона: 1
Содржина
Наскоро по крвавото бегство од дворот на Батиатиј, со што заврши „Спартак: Крв и песок“, гладијаторскиот бунт продолжува и почнува да носи страв во срцето на Римската Република во „Спартак: Одмазда“. Гај Клаудиј Глабер и неговите римски трупи се испратени во Капуа за да ја уништат сè поголемата група слободни робови предводена од Спартак, пред тие да можат да предизвикаат поголема штета. Спартак мора да направи избор помеѓу неговата лична потреба за одмазда против човекот кој ја испрати неговата жена во ропство и во смрт и можноста да направи поголеми жртви кои се неопходни за да спречи неговата сè поголема војска да се распадне. Приказната за Спартак продолжува во епски стил, содржејќи ја сета крвава акција, егзотична сексуалност, суровост и хероизам кои станаа заштитен знак на серијата.
Епизода 1:
Спартак ја открива одговорноста и цената на неговата нова улога како водач на ослободените робови. Пристигнувањето на Клаудиј Глабер во Капуа го присилува Спартак да ја задржи својата бунтовна војска обединета.