сезона: 1
Содржина
„Чувари“ се одвива во една алтернативна реалност во САД каде што суперхероите се забранети поради нивните насилни методи. И покрај ова, некои од нив се собираат за да почнат револуција, а други се обидуваат да ја сопрат.
„Чувари“ од извршниот продуцент Дејмон Линделоф (добитникот на „Еми“ за „Изгубени“, „Преостанати“ на ХБО) ја користи носталгијата на оригиналниот стрип со истото име, додека се обидува и самиот да внесе новини во серијата. Реџина Кинг ја предводи актерската екипа во улогата на Анџела Абар, која носи две маски, една како главна детективка во полицијата на Тулса, а друга како сопруга и мајка на три деца. Актерската екипа ги вклучува и Џереми Ајронс како сопственик на еден огромен британски дворец, Дон Џонсон во улогата на Џад Крафорд, шефот на полицијата во Тулса, Џин Смарт, во улогата на агентката на ФБИ, Лори Блејк, како и Тим Блејк Нелсон, во улогата еден детектив.