Базирана врз истоимениот бестселер на Стивен Кинг, „Аутсајдер“ е нова драмска серија што ја следи навидум праволиниската истрага за грозоморното убиство на едно локално момче. Кога накажаното тело на 11-годишниот Френки Петерсон е најдено во шумите на Џорџија, полицискиот детектив Ралф Андерсон започнува да истражува, при што сведоците и физичките докази укажуваат на Тери Мејтленд, популарен средношколски наставник, тренер на Малата лига, совршен сопруг и татко. Додека случајот изгледа совршено јасен, Ралф е збунет од појавувањето на контрадикторни докази кои го сметсуваат осомничениот во соседниот град за време на убиството. Мистериозните околности што го опкружуваат ова грозно злосторство го водат Ралф, искусен полицаец кој тагува поради скорешната смрт на својот син, да ја внесе во случајот приватната истражителка Холи Гибни, за чии невообичаени способности тој се надева дека ќе помогнат да го објасни необјаснивото. Еп. 1 Кога телото на едно 11-годишно момче е најдено во шумите на Џорџија, детективот Ралф Андерсон започнува истрага за грозоморното убиство. Бидејќи сведоците и физичките докази укажуваат на Тери Мејтленд, локален наставник и фудбалски тренер, Ралф врши јавно апсење, но сè се компликува поради наводната индиферентност на Тери да го скрие своето злосторство. Откако Глори, сопругата на Тери го повикува нивниот адвокат Хауи Саломон да им помогне, збунетиот Тери дава совршено алиби за време на испрашувањето. Во меѓувреме, Хауи го повикува својот истражител Алек Пели да ја разгледа приказната од перспектива на Тери.

Беше на каналите:

Jolly HD  HBO2  HBO3  Stinet  HBO  

Препораки
  • Менталист (2008)

    image
    Тој е истражувач со исклучителна дарба за решавање на најсложените злосторства кои ги направиле пореметените умови. Тој е менталист, кој користи софистицирани...
  • Ред и закон: Злочиначке намере (2001)

    image
    Серија креќе са стајалишта једног од главних судионика у злочину: криминалца, свједока или чак жртве. Обухваќа јединствену психолошку компоненту која гледатељима...
  • Злосторнички умови (2005)

    image
    Напната криминалистичка серија за една елитна екипа профилирачи кои анализираат дел од најизопачените мозоци на сериските убијци од целата земја, обидувајќи се да...
  • Опасна игра (2007)

    image
    Упознајте младу, интелигентну, амбициозну и дипломирану правницу, Еллен Парсонс (Росе Бyрне) која је постала штиќеница Патриције Хеwес (Гленн Цлосе), немилосрдне...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.