Содржина
„Душата на Америка“, документарен филм заснован врз бестселерот од 2018 г. на Џон Мичам, ја осветлува сегашната напната политичка реалност преку истражување на историските предизвици на минатото како што се: женските права на глас, затворањето на Американците со јапонско потекло, Мекартизмот, како и битката за Законот за човекови права во 1960-тите. Сето тоа беа случаи во кои “нашите подобри ангели“ се бореа против силите на омразата и поделбите коишто се теми кои одново се повторуваат во американскиот живот.