Содржина
Кога Џо изнајмува полураспаднат стан во бруклинското гето, тој очекува да има лебарки, но не такви кои размислуваат, зборуваат, пеат и танцуваат! Тие ќе го научат Џо каков е животот во големиот град, полн со секс, бубачки и со рокенрол.
Откако пристигнува со автобус од Ајова, Џо се обидува да успее во Њујорк, но тој нема ниту работа ниту девојка, а најлошото од сè е што нема каде да живее. Сепак, животот на Џо тукушто ќе се смени. Тој наоѓа едно мало и никакво станче, но може да го нарече свој дом... или барем така си мисли. Се чини дека оттаму не заминале сите поранешни станари. Џо открива дека живее со 50.000 цимери во вид на војска од шестножни поддржувачи на Џо, т.е. една типична нација од лебарки, која секогаш ќе стои покрај својот пријател Џо кога нему тоа му е потребно, без разлика дали тоа му се допаѓа или не. А овие лебарки не само што знаат да размислуваат и да зборуваат туку тие знаат и да танцуваат и да пеат! Тие се тука за да го научат Џо каков е навистина животот во големиот град, полн со секс, бубачки и со рокенрол.