Содржина
По неколку чудни случајности, Лукас кој е преведувач во воена мисија на ОБСЕ, заглавува во јужниот украински град Берислав. Како неволен гостин на неговиот чуден домаќин Вова, Лукас се соочува со сосема нов универзум.
Една серија од чудни случајности го остава преведувачот на ОБСЕ Лукас, на еден воен пункт во близина на еден далечен град во јужната украинска степа. Немајќи каде да бега, ова градско момче наоѓа засолниште во домот на интересниот локален жител по име Вова. Вова му е водич, па Лукас се соочува со хаотичниот свет кој не можел ни да го замисли. Тоа е свет во кој животот изгледа сосема непрепознатлив. Тој е фасциниран од својот домаќин и од неговата ќерка Марушка, во која се заљубува. Омразата на Лукас кон провинцискиот живот брзо исчезнува и тој почнува да ја бара среќата за која не ни бил свесен дека може да постои.