Содржина
„Горешта надеж“ истовремено е приказна за невообичаено пријателство и портрет на земја што осцилира меѓу надежта и илузијата. Филмот ги следи споделените судбини на две млади жени и на еден тинејџер во Тунис по револуцијата.
„Горешта надеж“ е приказна за невообичаено пријателство меѓу Зејнеб, Елиса и Хусин, две млади жени и момче тинејџер, чии патишта се вкрстуваат ноќта на 14. 1.2011, кога претседателот Бен Али бега од Тунис. По насилна и трагична средба со еден полицаец, сите се обидуваат да продолжат со своите животи. Поставена помеѓу надежта и очајот, сржта на филмот е во карактерите, чии приказни прикажуваат фрустрации и храброст, спротивставувајќи се на социјалната и политичката ситуација во Тунис.