Содржина
Дилерката со антиквитети, Хелен Ауген (Делфин Сејриг) живее во малото француско село Булоњ заедно со нејзиниот полусин, Бернард (Жан-Батист Тиери) кој е ветеран од војната во Алжир. Еден ден, поранешниот сопруг на Хелен, Алфонс (Жан-Пјер Кериен) пристигнува и со себе ја носи новата љубовница по име Франсоа (Нита Клајн), а носи и сеќавања од војната и љубовта. Сепак, излегува дека ова создава преголема напнатост во домот, па љубомората, страста и мрачните тајни наскоро доведуваат до трагедија.