Содржина
Тадеуш се враќа во оваа експлозивна акциона авантура, инспирирана од класиците со кунг-фу. Еден селанец се здружува со еден таинствен странец за да се борат против силите на злото од овој но и од друг свет, во еден кинески рударски град од 19 век. Кога странецот Тадеуш е најден ранет во близина на селото, рударот Ли Кунг и неговата жена А-Ни му нудат засолниште. Како што закрепнува, тој влегува во конфликтот помеѓу селаните и злобниот господар Хо, неговиот злогласен Клан на бумбарите и ужасниот господар Пи. Со Тадеуш на нивна страна, кроткиот Кунг се преобразува во смртоносен воин, во овој епски филм за боречките вештини.