Содржина
Во оваа вселенска авантура, спејс шатл тргнува во прва мисија за колонизација на Марс, но веднаш по полетувањето се дознава дека една од астронаутките е бремена.
Набргу по слетувањето таа умира од компликации при раѓањето на првиот човек на црвената планета - не откривајќи кој е таткото. Така започнува необичниот живот на Гарднер Елиот. Истражувајќи си го потеклото, Гарднер започнува онлајн пријателство со девојка од Колорадо. Кога ќе добие можност конечно да отиде на Земјата, научниците започнуваат подготовки за неговото заминување, но откриваат дека неговите органи не можат да издржат во Земјината атмосфера...