Содржина
Еден од најдобрите американски режисери на нашето време, Ричард Линклетер, достигна култна бесмртност со класиката од 90-тите „Зашеметени и збунети и ги освои критичарите со трилогијата „Претходно, редефинирајќи го начинот на кинематографското раскажување со револуционерниот „Момчештво. Но, неконвенционалните работни методи на режисерот и неговата независност често пати го ставаа во конфликт со индустријата. Преку интервјуа со режисерот и со многу од неговите најблиски соработници, овој документарец ни ги прикажува животот и делото на Линклетер, од легендарниот „Мрза до неговата најнова комедија „Сите сакаат малку, прикажувајќи како еден креативен визионер направи кариера без поврзаност со холивудската машинерија.