Содржина
Ромот Бора е оженет со постара жена со која има многу деца. Неговата работа како собирач на пердуви го носи од село во село. По патот тој се вљубува во Тиса, млада и дива Ромка, која бега...
Во Војводина, Србија, живеат многу Роми. Бора, кој е женет за многу постара жена од него и со која има многу деца, често пати е отсутен. Неговата работа како собирач на пердуви го носи од село во село. По патот тој се вљубува во Тиса, млада и дива Ромка, која бега. Нејзиниот брутален и посесивен очув Мирта сака да ја омажи за да ја задржи блиску до него. Но, Тиса го одбива нејзиниот млад иден сопруг и со Бора бега во планините за да ги венча еден свештеник. Набргу на Тиса ѝ се здосадува и повторно бега во Белград... Триесет години пред Емир Кустурица, режисерот Александар Петровиќ ги претстави сцените од животот на југословенските Роми со лесен и хумористичен пристап. Тоа е првиот филм во којшто Ромите зборуваат на својот јазик и сѐ уште се смета за еден од најдобрите филмови што ги претставуваат ромските обичаи и морал.