Содржина
Трет дел од трилогијата за Јарл Клеп снимен врз основа на романот на Торе Ренберг (“Човекот што го сакаше Ингве“ од 2008 и “Патувам сам“ од 2011 година). Филмот на Компани Оркхајм раскажува приказна за тинејџерот Јарл и неговите родители кои и покрај суровоста и алкохолизмот на таткото се обидуваат да живеат заедно. Јарл пронаоѓа свој свет во музиката, во политиката и освојувањето девојки, но одбраната на себеси во домот е битка со која ќе треба самиот да се соочи.