рејтинг: 7.5/10
Оценка на корисникот: 7.8/10
(56 гласови)

Содржина

Во 1972 година целиот свет виде кога 11 спортисти од Изреал беа убиени на Олимписките игри во Минхен. Филмот е интернационален и опфаќа 14 европски и блискоисточни држави, следејќи ја приказната од Тел Авив до Франкфурт, од Хаифе до Париз, во раните 70-ти години. По страшниот терористички чин, премиерката Голда Меир одобрува исклучително тајна операција чија цел е да ги пронајде и да ги елиминира сите одговорни. Изреалскиот врв во Швајцарија прави петчлена екипа на чело со Авнер (Ерик Бана), оперативец на Мосад од пониските редови, чиј татко бил воен херој, а сопругата бремена. И покрај тешкотиите на почетокот и големите трошоци, Авнер и неговите соработници успеваат да пронајдат и да убијат неколкумина палестински терористи во Европа и во Либан, но многу често се соочуваат со ситуации што не можат да ги разберат.
Приказната за „Минхен” се одвива во 3 различни света: во светот на екстремно јавните настани на Олимпијадата, под закрила на меѓународните медиуми; во екстремно тајниот свет на сенките и Мосадовите непризнати одреди за убиства кои крстосуваат низ целиот свет, и во внатрешноста на световите на петтемина различни убијци кои поминуваат низ состојби на психички преобразби.
Филмот е спој на семејна и психолошка драма, политички трилер и атрактивни акциски сцени во кој Спилберг ги опфаќа сите општествени и лични последици на една ваква трагедија.
„Минхен” е номиниран за 5 Оскари, и има добиено многу награди и признанија.

Слики

МинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхенМинхен

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Весник (2017)

    image
    Дејството е фокусирано на објавувањето на Пентагонските документи во Вашингтон Пост, со што неговите новинари во 1971 г. ја откриваат вистината за војната во...
  • Данкерк (2017)

    image
    Реномираниот филмограф Кристофер Нолан го пишува, го режира и го продуцира овој воен епски акционен трилер. „Данкерк“ започнува со стотици илјади британски и...
  • Црна вода (2018)

    image
    Таен оперативец се буди и сфаќа дека ЦИА ја испратила неговата подморница на непозната локација.
  • Апсолутна обмана (2013)

    image
    Када отму и убију Мајлса Скота, главног информатора ФБИ-јевог агента Џона Нелсона, једино што од њега остаје је један одсечен прст. Не би ли разрешио случај,...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.