Содржина
Што се случува кога една млада жена со гранично нарушување на личноста добива на лотарија? Во случајот на Алис Клиг (Кристен Виг), таа се откажува од лекарствата и си купува сопствено ток-шоу. Инспирирана од бесмртната Опра, таа своите лични проблеми ги претставува и како еден вид егзибиционизам, а и како платформа за споделување на нејзините чудни ставови за секакви можни работи, од исхраната до врските, па сѐ до евтаназијата на домашните миленици.