Содржина
Семејната драма „Малиот гениј“ на режисерот Жан Пјер Жене, со Хелена Бонам Картер во споредна улога, е снимена според популарниот дебитантски роман „Избраните дела на Т. С. Спивет“ на американскиот писател Рејф Ларсен. Тоа е приказна за бистриот 10-годишник Т. С. Спивет, талентиран пронаоѓач и страстен картограф кој добива вест дека освоил важна награда и дека треба да одржи говор во институтот Смитсонијан во Вашингтон. Од семејната фарма во Монтана тргнува на пат наоружан со телескопи и компаси...