Содржина
Овој документарец ги прикажува напорите на режисерот на „Тајсон“, Џејмс Тобек и на актерот Алек Болдвин да соберат финансии за потенцијален филм на минатогодишниот фестивал во Кан. Ова е единствен поглед зад сцената на овој фестивал.
Документарецот за Канскиот фестивал, „Заведени и напуштени“, ги комбинира актерската легенда Алек Болдвин со режисерот номиниран за „Оскар“, Џејмс Тобек („Тајсон“) додека се на макотрпно, но и урнебесно патување да соберат финансии за својот следен филм. Одејќи кај режисери, финансиери и големи актери, тие двајца ни даваат уникатен поглед зад сцената на најголемиот и најгламурозен светски филмски фестивал, прикажувајќи ни го слатко-горчливиот однос што го имаат филмските работници со Кан и со филмската индустрија. Во документарецот се појавуваат режисерите Мартин Скорсезе, Бернардо Бертолучи и Роман Полански, актерите Рајан Гослинг и Џесика Шастен, како и еден куп други познати луѓе од светот на филмот.