Содржина
Скоро пензионираната Керолин како роденденски подарок добива членска картичка од пензионерскиот клуб во соседството... и за изненадување, таа таму среќава еден помлад наставник по информатика и тие двајца почнуваат афера.
Следуваат убави денови? Керолин конечно се има пензионирано. Пред неа има нов живот. Таа ќе има време да се грижи за своите деца, за својот сопруг и, пред сѐ, за себе. Сепак, таа наскоро сфаќа дека оваа нова слобода е синоним за здодевност и неактивност. Особено кога за роденден добива членска картичка за пензионерскиот клуб во нејзиното соседство. Таа отпрвин се колеба, но сепак решава да појде таму. Чудно, но таму запознава одлични луѓе, почнувајќи од младиот наставник по информатика, кој воопшто не е рамнодушен на нејзиниот шарм. Керолин полека повторно ја враќа контролата врз својот живот и доживува втора младост со наоѓање нов љубовник, доживувајќи нови искуства, кршејќи ги правилата и не правејќи го тоа што се очекува од неа. Кој вели дека пензионирањето е почеток на крајот, а не само нов почеток?