Содржина
Храбра и жестока комедија за круг блиски пријатели во моментот на животот кога доаѓаат децата и сѐ се менува. Последните двајца преостанати самци во групата, Џули и Џејсон, се долгогодишни најдобри пријатели. Тие ги набљудуваат главно негативните последици кои ги имаат децата врз односите на нивните пријатели, па се запрашуваат дали постои подобар начин. Решаваат заедно да направат дете, а во љубовниот живот да бараат други личности.