Содржина

Приказна за љубовната афера без граници на еден млад човек. Том, момчето, уште верува, дури и во циничниот современ свет, дека постои судбинска и единствена љубов. Самер, девојката, не верува. Воопшто. Но, тоа не го спречува Том да појде по неа, како современ Дон Кихот, со сета негова храброст и моќ. Одненадеж Том не е само вљубен во прекрасна и интелигентна жена - не дека му пречи тоа - туку и самата замисла за Самер, самата идеја за љубовта што уште има моќ да го растрепери срцето и да го сопре светот. Љубовта се распалува уште од првиот ден, кога Том, архитект кој пишува картички со честитки ја запознава Самер, убавата и пргава секретарка на неговиот шеф. Иако на прв поглед недопирлива, Том наскоро дознава дека има доста заедничко со Самер. Сепак, и двајцата ги сакаат „Д Смитс. И на двајцата им се допаѓа надреалниот уметник Магрит. Том живеел во Џерси, а Самер имала Мачка по име Брус. Како што вели Том, „ние лудо се совпаѓаме. До 31-от ден, работите убаво напредуваат. До 32-от ден, Том е пресреќен, живеејќи во фантастичен замислен свет со Самер. До 185-от ден, работите се хаотични, но не безнадежни. Како што приказната се развива меѓу Том и Самер, понекогаш блаженото, често бурното додворување опфаќа слепа страст, состаноци и секс, па до разделби, меѓусебно обвинување и избавување во виор од временски скокови, поделени екрани, караоке и кинематски занес - што води до своевиден калеидоскопски приказ за тоа зошто и како сѐ уште се бориме толку напорно да ја разбереме љубовта... Со надеж да ја оствариме.

Слики

500 дена лето500 дена лето500 дена лето500 дена лето500 дена лето500 дена лето500 дена лето

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Никогаш не е предоцна (2020)

    image
    Приказна за 4 постари мажи кои ги користат вештините стекнати во Виетнам за да “избегаат” од нов вид затвор – нивниот старечки дом! Можеби загубиле сеќавања и...
  • Свадбата на Џени (2015)

    image
    Џени Фарел не се срами од својата хомосексуалност, освен пред своето семејство. Кога конечно решава да се скраси и да основа семејство со жена за која нејзиното...
  • Собарката и сенаторот (2002)

    image
    Познат политичар се вљубува во собарка од њујоршки хотел мислејќи дека е богата и славна.
  • Најлепши поклон (2017)

    image
    Сена Берџс, дизајнерка одец́е, очајна је да пронаѓе своју сродну душу. Упркос сталним покушајима да настави своју страст према модном дизајну, Сена се неодговорно...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.