Содржина
Матео има слободен дух во време на репресија и авторитарни морални вредности, кога е затворен во психијатриска институција.
Оваа болница повеќе наликува на морално деградиран затвор за непожелните лица во општеството, бидејќи се работи за владеењето во Шпанија во периодот од раните 1930-ти речиси до 1980, прикажано во ликот на Бургос, директорот. Помеѓу затворениците е и слабата, скршена и злоставувана Лола, во која Матео се вљубува и ја учи како повторно да сонува. Дејствието се одвива во доцните 60-ти. Во психијатриската болница „Екстрамадура“, една група ментални пациенти и сомнителни криминалци се затворени заедно во времето на репресијата - и се жртви на злоупотребувачките методи на Бургос, директорот на болницата. Помеѓу затворените е кревката, скршена Лола (Марија Велверде), која е полудена од сексуалната злоупотреба која ја има доживеано од мажите во својот живот. Доаѓањето на Матео (Хуго Силва), идеалистички млад човек кој е затворен поради навреда на националистички офицер, ќе донесе целосна промена во рутината на центарот, како и надеж за пациентите и работниците.