Содржина
Додека Џозеф Пилер (Клес Банг), холандски Евреин, се бори за Отпорот во време на Втората светска војна, духовитиот и шармантен познавач на уметноста Хан ван Мегерен (Гај Пирс) е домаќин на хедонистички седенки и им продава холандски уметнички богатства на Херман Геринг и на други нацистички водачи. По војната, Пилер станува истражувач кому му е доделена задача да ги идентификува и прераспредели украдените уметнички дела, што резултира со тоа самобендисаниот Ван Мегерен да биде обвинет за соработка - кривично дело казниво со смрт. Но и покрај зголемените докази, Пилер, со помош на неговата асистентка (Вики Крипс), станува сè поубеден во невиноста на Хан и се наоѓа во невообичаена позиција да се бори да му го спаси животот.