Содржина
Зошто убиваме? Зошто некои од нас убиваат, а други му одолеваат на искушението? Што прави некого сериски убиец? Д-р Дороти Отноу Луис е психијатарка која работела со многу сериски убијци и ги барала одговорите на овие прашања.
„Луди, а не ненормални“ е во режија и продукција на добитникот на Оскар, Алекс Гибни („Изумителот: По крв во Силициумската Долина“), ни ја претставува психијатарката д-р Дороти Отноу Луис која го поминала својот живот истражувајќи ги животите на насилните луѓе, работејќи со повеќе сериски убијци, вклучувајќи го и Тед Банди. Нејзината контроверзна работа со пациентите со дисоцијативно нарушување на идентитетот доведе до развивањето на теоријата за тоа што прави некого убиец, по што таа стана поларизирачка фигура. Видео лентите од нејзиното истражување тука се прикажани првпат и ги прикажуваат морничавите трансформации кај насилните поединци додека се движат помеѓу различните алтер ега во нивните различни личности.