сезона: 3
епизода: 2 - The More You Make
Содржина
Третата сезона на „Снегопад“ се случува во летото 1984 г. Крак-кокаинот се шири како шумски пожар низ јужниот дел на централен Лос Анџелес, продолжувајќи го својот уништувачки пат и менувајќи ја културата засекогаш. Полицијата реагира на оваа растечка епидемија, а наредникот Андре Рајт се насочува кон главниот човек, неговиот сосед Френклин Сеинт и неговите луѓе. Додека локалната полиција се бори да го намали напливот, Теди Мекдоналд и ЦИА работат напорно за да се осигурат дека дотурот на кокаин во Л.А. нема да сопре. За да продолжи да ја финансира војната против комунизмот во Централна Америка, Теди треба да најде нови патишта до САД користејќи го Густаво “Ел Осо“ Запата и она што е останато од семејството Вилануева. Додека загубите се зголемуваат, нашите ликови вистински се обидуваат да ја разберат деструктивната сила што ја ставиле во погон, и се принудени одново да ги разгледаат нивните мотиви и цената што треба да ја платат за да продолжат.