сезона: 6
Содржина
Во светот на богатите и славните, Реј Донован ја извршува валканата работа за моќниците во Лос Анџелес. Во едночасовната серија, номинираниот за „Еми и за „Златен глобус Лив Шрибер ја игра улогата на тип што ги решава проблемите на славните личности, спортските ѕвезди и деловните могули во градот. Оваа моќна драма се случува кога неговиот татко, кого го игра добитникот на „Оскар Џон Војт, неочекувано излегува од затвор, што предизвикува низа настани кои темелно влијаат врз семејството Донован.
Во шестата сезона, Реј повторно го гради својот живот на лично и на професионално ниво во Њујорк. Откако е спасен од давење во Ист Ривер, неговиот спасител, полицаецот по име Мек, го носи Реј во полициското братство на Стејтен Ајленд. Додека го истражува овој нов свет на братства и корупција, Реј повторно почнува да работи за медиумската магнатка Саманта Винслоу. Сем се здружува со кандидатката за градоначалник на Њујорк, Анита Новак, партнерство што му создава на Реј проблеми со новите пријатели во Стејтен Ајленд.