сезона: 1
епизода: 9 - The Well-Tempered Clavier
Содржина
Со десетте епизоди во првата сезона, „Вестворлд претставува амбициозна и многу имагинативна драмска серија која го издигнува концептот на авантурата и потрагата по возбуда на ново и, најпосле, на опасно ниво. Во футуристичкиот парк на фантазиите, познат како „Вестворлд, една група од андроиди застранува од внимателно планираните сценарија на нивните програмери и навлегува во вознемирувачка шема на однесување. Со исклучителната актерска екипа што ја предводат Ентони Хопкинс, Ед Харис, Еван Рејчел Вуд, Џејмс Марсден, Танди Њутон и Џефри Рајт, „Вестворлд е инспириран од истоимениот филм од 1973 година, според сценарио и режија на Мајкл Кричтон („Паркот Јура), а за телевизија беше адаптиран од извршниот продуцент Џонатан Нолан („Меѓуѕвездено, „Темниот витез) и од Лиза Џој („Туркајќи маргаритки, „Известување на Бурн). Други извршни продуценти се Џ. Џ. Абрамс и Брајан Бурк („Изгубени, новите филмови „Војни на ѕвездите и „Ѕвездени патеки) и Џери Вантрауб.